За Оптика Филос

Традиција и квалитет кои 
траат од 1987…

Без разлика дали Ви треба преглед, нови рамки за очила или едноставно совет, кога ќе го посетите нашиот салон, ќе добиете навремено, љубезно и професионално внимание што ќе Ве натера да нѐ посетите пак.

100,000+
Изработени очила
120,000+
Работни часови
150,000+
Задоволни муштерии

Услуги кои ги нуди Оптика Филос

Квалитетна и брза изработка на очила

Изработуваме очила во нашата сопствена, одлично опремена работилница со најсовремени компјутерски машини и уреди.

Сервис за очила

Лемиме, заваруваме, лепиме и ги поправаме сите видови на Ваши скршени очила и рамки, без разлика дали се пластични, метални или титаниумски.

Диоптриски преглед

Навременото откривање на проблемите и редовна контрола на состојбата на очите се клучни фактори за одржување на здравјето на вашите очи.

Оптика Филос располага со најсовремени уреди за комплетен офталмолошки преглед.

Стручна помош и консултација

Нашиот тим со долгогодишно стручно и професионално искуство Ви стои на располагање.

Најчести прашања и одговори

Доколку сакате да дознате повеќе информации слободно контактирајте не.
Најчесто потребно време за изработка на очила е од половина до еден час, нормално зависно од тип на рамка и вид на стакло.

Во нашите продажни салони порфолиото е големо и ги имаме сите типови на стакла од реномирани светски брендови: монофокални, бифокални, прогресивни итн. Со сите видови на заштитни слоеви, боени стакла, полариодни 

Стаклата најдобро се одржуваат така што најпрво ке се измијат со сјај и вода за да ја тргнеме прашината од нив, се оставаат да се исушат и потоа се чистат со специјален микрофибер и спреј за чистење. Секако кога не ги носиме треба да се во соодветна футрола и никогаш да не се ставаат очилата да “легаат” на стаклата.
За корисници кои за прв се соочуваат со диоптрија подобро е да се користат очила за полесна акомодација, навикнување на диоптријата. Индивидуално е за секој дали е подобро да носи контакни леќи или очила, но во секој случај и корисник на контактни леќи треба да има и очила за кога ќе се извадат контактните леќи да може да гледа.
Пациентот треба да е одморен пред се, очниот преглед започнува со разговор на пациентот, причината за доаѓањето, присуството или отсуството на некои други болести, лично и во семејството. Се прави компјутерско снимање и се продолжува со тестирање со пробни стакла.
Во нашите продажни салони може да платите во кеш, безготовински односно со кредитни картички и на фактура

Не, не откупуваме стари очила и стакла.