Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што Друштво за изработка и
поправка на ортопедски помагала ФИЛОС Дооел увоз-извос Куманово (во натамошниот текст:
Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот
ги користи овие податоци.

  1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
    Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
  1. Какви податоци собира Контролорот?
    Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
  2. Кој е одговорен за обработка на податоците?
    Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, Ненад Илиевски е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.
  3. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
    Контролорот користи опрема за видеонадзор за (да се наведе една или повеќе од наведените
    цели):

Кој може да ги види моите лични податоци?
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор (на
пример: членовите на безбедносниот персонал на Контролорот или од ангажираната Агенција за
приватно обезбедување). Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео
записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците
(лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До
податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на Оптика
Филос

Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на Оптика Филос (на пример: е-пошта на optikafilos@yahoo.com, адреса
Гоце Делчев бр.25 Куманово.).

Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на
барање до Оптика Филос, или преку е-пошта до: optikafilos@yahoo.com.

Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.

Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со
испраќање на барање на Оптика Филос (на пример: е-пошта на optikafilos@yahoo.com, адреса Гоце
Делчев бр.25 Куманово..), кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на
Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто
така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате
на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
10.Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на
Оптика Филос (на пример: е-пошта на optikafilos@yahoo.com, адреса Гоце Делчев бр.25 Куманово..),
кога обработката е незаконска.
11.Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете
согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети
страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
12.Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со
испраќање на барање на Оптика Филос (на пример: е-пошта на optikafilos@yahoo.com, адреса Гоце
Делчев бр.25 Куманово..), кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација.
Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на
барањето.
13.Што можам да направам во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до optikafilos@yahoo.com и да
побарате да преземе акција.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со
нашиот офицер за заштита на личните податоци на Сања Вујачиќ Јаневска е-пошта
sanjavujacic@hotmail.com.
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
14.Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
15.Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни
технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен
пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со
ограничен пристап и во контролирана околина.
16.Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 календарски денови по вашата посета во
нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.