Оптика ФИЛОС сега и во La Plaza Mall Куманово

35 години сме синоним за успех и квалитет.

35 години интензивна работа и посветеност.

Не сметаат за пионер во професионалноста и квалитетот во Македонија уште од 1987 година. Оваа недела ја проширивме својата продажна мрежа и во новиот La Plaza Mall во Куманово.

Отворањето на нашиот нов продажен салон беше возбудливо патување, исполнето со радост и славење на нашите достигнувања. Со големо задоволство и благодарност го пречекавме овој момент кој го означува нашиот растеж и посветеност кон нашите клиенти.

Следејќи го нашето мото секогаш да ги задоволиме потребите на секој клиент, продажниот салон е дизајниран да создаде пријатна и инспиративна атмосфера, каде што секој може да се чувствува комфорно и да ужива во своето шопинг искуство.

Нашиот континуиран стремеж за извонредност, кој се рефлектира во квалитетот на производот, супериорната услуга и стручноста на секој член на тимот на Оптика ФИЛОС, е одговорна за долгорочното задоволство и доверба на нашите клиенти.

Во склоп на продажниот салон имаме и кабинет за оптометриски прегледи, со најсофистицирана опрема за прегледи и опрема за изработка се на едно место, брзо и без чекање.

Препознатливи сме по врвните, исклучителни модели на светски познати брендови.

Нудиме натпросечен асортиман на диоптриски рамки и очила за сонце по европски стандарди за да можете да ја изразите Вашата личност преку различни модни стилови и да креирате интересни модни комбинации.

Забавата по повод отворањето беше идеална можност да им се заблагодариме на сите наши верни клиенти, пријатели и соработници кои не подржуваат и ни даваат доверба низ годините.

Сите Вие бевте витален дел од нашето патување и успех и пресреќни сме што заедно со Вас го продолжуваме ова ново поглавје на нашата компанијата.

Ви благодариме на сите што во четврток бевте дел од нашето официјално отворање.

Bи благодариме за честитките и убавите зборови!

А, оние кои се уште не стигнале да не посетат – Ве чекаме во La Plaza Mall Куманово.

Сподели
Facebook
Twitter
LinkedIn