Време е да вложите во квалитетен пар кој ќе го одберете врз обликот на лицето. Така никогаш нема да погрешите и секогаш ќе бидете во тренд.
Пред да ви посочиме која рамка на очила за сонце е најдобра за вашиот облик на лице, да ви кажеме дека без оглед на модните тенденции, најдобри очила за вас се оние кои најдобро ви прилегаат на лицето и тенот.
Округло лице
Спротивставете се на овалното лице со геометриски разиграни очила. Правоаголните рамки ќе ви помогнат да го издолжите лицето.
Квадратно лице
Вие треба да одбирате заоблени рамки. Може да експериментирате со мачкести рамки, но само ако продолжуваат со заоблен долен дел. Авијаторките се уште еден добар избор.
Издолжено лице
Среќни сте, затоа што имате најголем избор. Можете да носите округли, правоаголни или мачкести очила, без да се двоумите дали ќе ви прилегаат. Ако имате остри црти на лицето, добро би ви дошле округлите модели со впечатливи рамки. Во овој случај, важно е стаклата да се големи, а за останатото не морате да се грижите, бидејќи можете да најдете голем избор.
Крупно лице
За личностите со крупно лице, XXL очилата за сонце се најдобра опција. Со овој избор можете да направите идеална пропорација во однос на лицето.
Сите модели и стилови може да ги најдете во нашите продажни салони.